Киев: Украинските војници не се повлекуваат од Соледар

Сподели со своите пријатели

Украинските сили не отстапуваат во жестоките борби за градот Соледар на исток, додека Русија го зајакнува своето воено присуство во таа земја, изјави заменик-министерката за одбрана Хана Малар.

Loading...

Малар рече дека бројот на руски воени единици во Украина се зголемил на 280 од 250 една недела претходно, додека Москва се обидува да добие „стратешка иницијатива“.

„Борбите се жестоки во правец на Соледар. Тие (Русите) шетаат по сопствените трупови. Русија принудува илјадници свои граѓани да бидат заклани, но ние се држиме“, изјави Малар за новинарите.

Друг висок воен функционер, бригадниот генерал Алексеј Громов, рече дека воената ситуација во Украина и понатаму е „тешка“ и дека најжестоките борби се водат на источниот фронт.

„Руските сили се обидуваа да ги пресечат украинските линии и да ги опколат украинските војници“, рече тој.

Громов рече и дека и оваа година ќе има опасност од напади од Белорусија, руски сојузник кој граничи со Украина.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.