Казни за 38 возачи кои возеле пребрзо на територија на СВР Куманово

Сподели со своите пријатели

Триесет и осум возачи во Куманово денеска добиле казна поради возење со брзина над дозволената.

Loading...

– Денеска (08.09.) полициски службеници од СВР Куманово спроведоа засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, на територија на СВР Куманово, при што санкционирани се 38 возачи, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Засилените сообраќајни контроли, додаваат оттаму, продолжуваат и во наредните денови.

– Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, стои во соопштението на кумановската полиција.

Никола Ивановски