Казна за 21 возач во Куманово кои возеле со брзина над дозволената

Сподели со своите пријатели

Дваесет и еден возач вчера добиле казна на територијата на Секторот за внатрешни работи Куманово за возење со брзина над дозволената.

Loading...

– Вчера (06.09) од 20.00 до 24.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово спроведоа засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 21 возачи, информираат денеска од кумановската полиција.

Засилените сообраќајни контроли, додаваат од полицијата, продолжуваат и во наредните денови.

– Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и зедно да придонесеме за посигурни патишта, стои во соопштението на СВР Куманово.

Никола Ивановски