Касарната во населба Карпош пропаѓа, наместо да се искористи за градинка

Сподели со своите пријатели

Старата касарна во кумановската населба Карпош е оставена на забот на времето, иако може да се искористи за изградба на викенд населба или детска градинка и дом за стари лица.

Loading...

На денешната седница на Советот на општина Куманово, советникот Сашо Стошевски праша дали може да се пренамени локацијата за нешто продуктивно.

– Гледам дека во Буџетот на општината нема средства, дали може тие објекти да ги преземеме и да се потрудиме на таа локација да направиме детска градинка, простории за пензионери и месната заедница. Има шест простории со над 600 метри квадратни кои се оставени на работ на времето, рече Стошевски.

Општината има желба да го преуреди овој простор, но како што додаде градоначалникот Максим Димитриевски, тој е доделен на ЈП „Македонски шуми“ кои воопшто не го користат.

– Може сериозно да се искористи доколку би дошло до сериозна реконструкција на улицата „120“ и проширување па самиот пристап во објектот би бил полесен и тогаш би можеле да се планираат различни инвестиции. Се согласувам дека содржините кои ги наведовте, плус дали ќе биде викенд населба или населба за стари и изнемоштени, лица може да биде идеален прсотор, во овој момент е на „Македонски шуми“ и истите го имаат добиено на владение но не го користат, рече Димитриевски.

Loading...

Објектот е граден за како база за воздушно набљудување за потребите на војската во поранешна СФРЈ и претставувал една од строго чуваните тајни на тогашната држава. Во рамките на истиот постои и фудбалско игралиште, кое го користи Фудбалскиот клуб Карпош, на кој Димитриевски денеска упати благодарност што го одржуваат теренот изминатите години.

Објектите пропаѓаат, а пред некоја година еден од нив изгоре и во пожар.

Leave a Reply