Какви гени наследуваме од нашите родители? Што од мама, а што од тато?

Сподели со своите пријатели

Штом се роди дете, родителите и најблиските веднаш зборуваат на кого повеќе личи. Гените што ги наследуваме од нашите родители ќе ја одредат нашата висина, бојата на очите и така натаму.

Loading...

Некои наследни црти може да се предвидат и претпостават, како на пример  гени кои ќе ја одредат нашата висина, бојата на очите, бојата на косата. Научниците утврдиле дека детето наследува интелигенција од мајката, но има и такви кои зависат исклучиво од таткото.

– Мал дел од ликот е вроден. Сепак, најголемиот дел е стекнат со воспитување. Методите и влијанието на семејната средина се најважни за развојот и обликувањето на детето. Родителите се основни воспитувачи на детето и нивните мисли, постапки, дела и комуникација многу влијаат на неговата иднина.

Генетиката на детето е резултат на генетиката на неговите родители. Доаѓаме во светот со наследена генетика, но ни треба искуство за да се изградиме како индивидуи.

 

 

Иако генетиката е многу комплицирана и сложена, сепак постојат правила според кои некои работи може да се предвидат со релативна сигурност. Кога станува збор за наследување на генот на висината, таткото има подоминантна улога. Ако таткото е висок, и бебето ќе биде високо.

Loading...

А, генот за зголемување на телесната тежина го пренесуваат мајките. Во бојата на косата, доминантна улога ќе има доминантниот мајчин ген за бојата и структурата на косата. Исто така, генот одговорен за опаѓање на косата доаѓа од страната на мајката. Со други зборови, мажите можат да им се заблагодарат на своите мајки за ќелавоста.

Една од пошармантните работи кај луѓето се дупките на образите.

Дупките имаат врска со структурата на лицето, но тоа е секако доминантен ген кој потекнува од таткото, како и структурата на забите. Имено, гените на таткото за наследување на забната структура се подоминантни, што значи дека ако таткото има големи заби, детето ќе има многу слични заби во зрелоста.

 

 

Имено, научниците открија ДНК од митохондриите, која ја наследуваме исклучиво од нашата мајка, а која може делумно да го контролира стареењето. Од друга страна, големите уши и обликот на носот се наследуваат преку машката линија.

Особини пренесени од доминантни гени се споени или густи веѓи, дупка во брадата, темна кожа, густи усни и широк брадата. Рецесивни гени се светла или црвена коса, левак, сини или сиви очи и светол тен.

Loading...

 

 

Татко

Од таткото, детето најверојатно ќе наследи висина, дупки на образите, форма и структура на забите, големи уши, форма на нос, полни усни, срцеви проблеми, неплодност, доминантна рака.

Мајка

Мајките гени се одговорни за бојата и структурата на косата, склоноста кон ќелавост, обликот на палецот, брзината на стареење, интелигенцијата, начинот на спиење и  зголемувањето на телесната тежина.

Leave a Reply