Како живееле робовите? Значајно откритие на археолозите ја решава оваа мистерија!

Сподели со своите пријатели

Ископувањата „отворија“ добро сочувана просторија со три дрвени кревети и други предмети како амфори, керамички вазни и ноќница.

Loading...

Пронајдена е соба за робови во близина на свечената кочија откриена претходно оваа година, недалеку од шталите на античката вила во Чивита Џулијана, на околу 700 метри северно од ѕидините на Помпеја.

На креветите археолозите пронашле дрвен сандак со метални и ткаени предмети кои би можеле да бидат опрема за коњи, а на едната конструкција за влечење кочија.

 

 

Двата кревети се долги 1,7 метри, а третиот е долг само 1,4 метри, што покажува дека собата можеби припаѓала на помало семејство робови. Собата има 16 квадратни метри и мал прозорец на врвот, а служела и како магацин – во аглите имало осум амфори.

– Ова ново важно откритие го збогатува нашето разбирање за секојдневието на древните Помпејци, особено за класата на општеството за која сè уште не се знае многу – рече Дарио Франческини, италијанскиот министер за култура.

Loading...

 

Според римското право, робовите се сметале за сопственост и немале статус на личност. Помпеја, која се наоѓа на 23 километри југоисточно од Неапол, била дом на 13.000 луѓе во времето на ерупцијата на Везув на 24 август 79 година п.н.е.

Археолошкиот локалитет бил откриен дури кон крајот на 16 век