Како се врши регрутирањето на терористи и има ли такви активности во Македонија?

Сподели со своите пријатели

Како се врши регрутирањето на терористите, има ли такви активности во Македонија? Каков е нивниот пат до европски земји? Која е улогата на жените во тероризмот? Постои ли опасност за Македонија?

Loading...

Одговор на овие, и други прашања, прочитајте во интервјуто со проф. др. Владимир Пивоваров,  експерт од областа на безбедноста.

Во својата богата кариера др. Пивоваров има работено во Управата за внатрешни работи Куманово, од 2002 до 2005 година бил раководител на Секторот за воена безбедност и разузнавање. Од 2005 до 2015 година е универзитетски професор во областа на безбедноста, а потоа работи како советник на министерот за внатрешни работи за прашања од областа на државната безбедност.

Моментално ја извршува функцијата Национален координатор за гранично управување.

Интервјуто е спроведено пред три месеци за потребите на дипломскиот труд на Никола Ивановски на тема „Тероризам и интернет регрутирање“.

Кога започнува за прв пат да се јавува тероризмот на просторот на Балканот и Македонија, според разузнавачките служби?

Уште од факултетот моите професори по безбедност имаа теза дека Балканот треба да биде мост на исламизмот кон Европа, но не на обичниот исламизам кој сите го признаваме, туку на радикалниот исламизам кој не е посакуван во ниту едно општество. Тогаш учевме за зелена трансферзала која почнуваше некаде од југот на Албанија, западна Македонија, се ширење кон Санџак, од Санџак кон БиХ, од таму кон Австрија и тоа време според проценката на разузнавачите беше дека тоа е тој зелен мост. Во тој период тие пенетрираа преку меѓународни хуманитарни организации, „Зелена полумесечина“ и други кои беа од арапски Емирати и Кувајт финансирани со цел преку наводна социјална помош на месно население, односно сиромашни групи кои тоа време им беа таргет да можат да пенетрираат на овие простори, да создаваат свои бази и се завршуваше со обуки, односно образување на оваа ранлива социјална категорија од тие времиња на Балканот со нивна едукација на претежно верски школи кои се организираа во Саудиска Арабија и не е тајна дека тогаш тие биле предмет на сите разузнавачки служби и на Балканот и на Западот.

Времињата покажаа дека тоа е еден испробан метод за пенетрирање за тие радикални организации и тогаш тоа беше поединечно, изолирани случаи, но по 90те години започнува со војните на просторот на поранешна Југославија, да пенетрираат пред се во Босна и Херцеговина со борците кои беа присутни на овие простори што и ние тоа по 10 години го почувствувавме во воените дејствија во Македонија.

Loading...

Тие првин имаа освоено свои енклави во БиХ, Маоча, тоа се енклави каде овие радикални структури беа физички присутни и останаа многу време по војната. Нивното дејство почнавме да го почувствуваме преку разни методи, тогаш во 2002 година јас сум шеф на воено разузнавање, каде добиваме барање и понуди од спортски натпревари, културни манифестации, да токму тие луѓе од Маоча доаѓаат, бираат начин во Косово и Македонија да организираат спортски и културни настани преку кои можат да остваруваат контакти со нивни структури на овие простори. Некаде во 1998-1999 година по бомбардирањето на Србија и војната на Косово, имаше во Македонија голем број на бегалци кои исто така во бегалски камп пропагираа радикалем ислам и тој процес остана на нашите простори.

Некаде во 2002 година, по завршување на воените дејствија во Македонија, во липковскиот регион во некои села беше евидентирано дека оние кои учествуваа во муџахедински бригади, кои беа поддршка на ОНА и УЧК, беа доста влијателни кај месното население и почнаа да добиваат термини, насилно земени термини во селски џамии каде имаа проблеми со дел од месно население и со оџите, меѓутоа сила Бога не моли и тие еден период од денот имаа миса со оџи кои доаѓаа од Блиски исток. Имаше страшно голем интерес на странски разузнавачки служби, пред се западните, за нивно присуство, затоа што во нивните евиденции евидентираа како лица со голема закана за нивната безбедност, односно обучени терористи.

Каков профил на луѓе беа мета на овие пропагандисти на исламскиот екстремизам?

Претежно категорија на регрутирани млади луѓе беше од сиромашните семејства, кои немаа финансиски средства за школување на своите деца, а тие во тоа време им даваа по 250 долари по глава на ученик, за да посетуваат вакви верски училишта, за да потоа во период од две до три или четири години ги носеа на Блискиот исток да ги дообучат, а суштината на нивното патување таму беше исклучиво обука на терористи и тоа една најопасна категорија терористи – човек самоубиец. За среќа на европско тло такви бомбашки напади нема, меѓутоа тоа се еден од најтежок вид за откривање и спречување и затоа психологија и социологија многу пати изучуваат појави зошто овие млади лица се вклучуваат во вакви терористички организации.

 

 

Кои се мотивите за следбениците на терористичките организации, го споменавте социјалниот мотив, но постои ли нешто друго што ги привлекува, особено младите лица да бидат дел од вакви групи?

Loading...

Не само западните, туку и источните разузнавачки служби, нормално сите овие служби меѓусебно комуницираат и ги споделуваат овие сознанија. Се укажуваше на тоа дека еден од мотивите не само категоријата сиромаштија, алтруистички мотив, имаше едно психолошко истражување на чеченските бомбаши, покажува дека тие се лица кои биле отфрлени од својата средина, беззначајни личност кои во 2002 година и период кога доаѓа рана дигитализација, веќе преку социјални мрежи почнуваат да комуницираат и да ја прифаќаат пропагандата која ја имаат овие терористички организации.

Со почеток на 21 век почнува ера на социјална комуникација на терористички организации и ангажирање на нивни следбеници, односно лица кои би се приклучиле.

Не случајно Блискиот исток е „буре на барутот“ со децении, а претходно и со векови, каде што има вакви терористички организации. За жал дефиниција за тероризам на светско ниво постои во Обединетите нации, меѓутоа секогаш имате ако тоа е дефиниција за тоа што е терорист, тоа е лице кое противуставно, спротивно на законот сака да оствари одредени цели. Во нивната средина тие се борци за човекови права и слободи, тоа беше мотив тие да бидат докажани и најмногу се одеше на верскиот мотив во кој се проповедаше дека Алах ќе ги чека во рајот со 100 девици, тоа беше некој задгробен живот што за нив беше причина да одат да извршат терористички акт, да бидат обучени и потоа да бидат на оној свет упокоени во рајот.

Кои цели се најатрактивни за напад на терористите кога станува збор за Европа и Македонија?

За жал, по 2002 година и создавање во тоа време на единиците на Осама бин Ладен, на Балканските простори, пред се од муслиманските земји кои ги има на Балканот, имаше лица кои имаа заминато на обука во вакви терористички организации, најголем дел потоа останаа на боиштата, меѓутоа еден дел по нивна проценка беше вратен по разни патишта, разни агенди на тло на Европа.

Република Северна Македонија не е атрактивна за вакви терористички организации, за вршење на напади. Тие пред се бираат средини каде ќе добијат голема медиумска популарност, тоа е една од целите на тероризмот, медиумска популација, преку што се внесува страв кај домицилното население каде е извршен терористичкиот акт, а во последните години тоа се докажа со бегалската криза, мигрантскиот бран кој е исклучително добар начин за нив за уфрлање во такви големи маси на луѓе кои имале егзодус во своите земји, кон Западна Европа, да можат во тие маси да бидат инфилтрирани, а потоа пенетрирани во своите ќелии кои веќе постоеја на Запад и тоа во науката го викаме „терористи спијачи“, во даден момент добиваат задача од нивната централа и вршат одреден терористички акт што се покажа со напад на новинарската куќа во Франција, „Шарл Ебдо“, каде што беше нанесена голема човечка жртва врз самите новинари кои во еден весник го исмејуваа Мухамед како пророк, што беше сигнал за нив да го нападнат тој весник. Тие велат дека биле иритирани и предизвикани, а знаеме дека западната демократија има слободно новинарство секој да го искаже своето мислење.

Имаат ли државите механизам да ги следат електронските комуникации на потенцијални терористи?

Социјалните мрежи во тој период се во многу понапредна фаза при што комуникацијата е многу полесна помеѓу нивните бази на Блискиот исток и распространетите спијачи и затоа сите држави во светот, вклучително и ние, направивме дерогација на правото со што се овозможи прибирање на докази од електронските медиуми, преку кои се комуницира преку ваквите организации со цел тие да бидат пред се превенирани, потоа спречени во намерите за извршување или во докажување на извршителите на терористички акти ширум светот и Европа и нивните врски и конекции со можни терористи во самата земја, нивната логистика што ја добиваат.

Loading...

Терористички акт секогаш за да се изврши мора да има логистика. Таа логистика најчесто е од самото место на извршување односно државата каде е извршен терористички акт, од нивни поддржувачи, симпатизери, не се само лица кои се едуцирани, туку има и лица кои се логистика, почнувајќи од изготвување на лажни патни исправи, донирање на финансиски средства, прикривање на пристигнувањето на вакви лица, обезбедување на, ако треба, експлозивини средства. Вообичаено тие сакаат што поголем број жртви да има, поголем публицитет и ја остваруваат својата цел за постоење и ја користат за преговори со владите каде го извршиле терористичкиот акт доколку тие тоа го остварат.

Има ли терористичко присуство во Македонија. Кои се механизмите за справување на пример со повратниците од боиштата?

Создавањето на ИСИЛ пред 10-12 години, кое според мојата претпоставка е крилото на лице од состав на единицата на Осама бин Ладен, значи наследници на тие организации, веќе се поголемо присуство нивно преку комуникација електронска е констатирано на тероторијата на Северна Македонија, така да и од нашиот град (Куманово), пред се, 99,9 отсто се лица од исламска вероисповест кои се приклучија на ИСИЛ во директните борби и во многу написи имам кажано дека лицата кои ја поминале таа обука, се бореле на тие боишта, со нивно враќање во нашата земја претставуваат буквално темпирани бомби кои во даден момент можат да експлодираат, нашата Влада, покрај разузнавачки служби формираше Национален координативен центар за токму ваквата борба за вакви лица, односно реакција на државата кон лица повратници, не да останат темпирани бомби, туку преку разни програми да бидат вклучени во општеството, тоа е и препорака на светските меѓународни организации, доколку тие лица цело време ги гледаме како непријатели на системот може сериозен проблем да нанесат на секое општествено уредување преку извршување на терористички акти.

Преку разни програми на едукација, пред се на нивни семејства, на нивната средина, на самите тие лица, вклучување во општествениот живот, донесовме закон дека секој повратник од тие боишта ќе одговара, тоа е ново кривично дело, за учество во странски воени дејствија со што тие се сторители на кривични дела, но кај нас тоа е блага санкција. Пример во Англија и Франција се донесоа закони со кои им се одзема државјанство, така што не ги прифаќаат и примаат на своја територија и оди до мерка конфискација на нивни имоти и имоти на нивни семејства, проценети се како сериозна закана и како такви не сакаат да бидат на нивното тло.

Имаше многу програми, пред се предводени од САД, лицата заробени во борбите со меѓународните сили на Блискиот исток, а кои учествуваа во ИСИЛ беа првин во камповите, за да потоа бидат депортирани во земјите од кои потекнуваат, на чија програма сме и ние потписник. Таквите лица се враќаат. Имаше реакции во домашната јавност зошто и како се враќаат тие лица, сепак не може една велесила да ги држи. Имаше посебни затвори како Гвантанамо кои строго беа нападнати од организација на човекови права и слободи и денес тој затвор не постои каде што се вршеа дури и истражни работи за можна нивна конекција или добивање информации за конекција на таквите лица со нивните матични терористички организации.

Како разузнавачките служби се справуваат со тероризмот како глобална закана?

Loading...

Во светот постојат голем број терористички организации, не може таа бројка никогаш да ја евидентираме со 100 отсто точност, затоа што едни згаснуваат, меѓусебните судири, некои се фузираат, така да треба да се следи таа појава. Секоја држава има контраразузнавачка служба која се грижи за устанвиот поредок и разузваначка служба која работи надвор од својата земја токму за прибирање на ваквите сознанија.

Денешното патување на границите кои се либерални и отворени каде можеме полесно да патуваме, значи дека степенот на контрола не е во таа голема мерка запазен, па се случува тие да транзитираат од една точка до друга и секако местото каде што треба да го извршат терористичкиот акт и добиваат логистика или го вршат веќе пенетрирани лица кои живеат на одредена територија.

Оваа социјална ера, особено во последно време им дава се повеќе можности и кажав пред малку со дерогација на правото се дозволува на разузнавачките служби да прибира докази така што ќе ги следи таквите социјални комуникации и ваквите социјални комуникации многу често и кај младите луѓе предизвикуваат радозналост за тоа што работат ваквите организации ги потикнуваат со преувеличување на состојбите, заканите кон таквите лица и заедници да одат на одредени боишта во светот каде ќе вршат терористички акти или да се обучат и да ги вратат на своја територија.

Најголема закана се пред се западните земји, затоа што во светските центри како Берлин, Париз, Рим, Лондон, гледате и самите се најчести мети на напади и прекуокеанските земји како САД, затоа што таму добиваат најголем публицитет по извршен терористички напад.

Најголемо решение и зошто постојат разузнавачки и контраразузнавачки служби е прибирање информации за ваквите групации, односно пресретнување на оваа комуникација со што нема да се дозволи извршување на ваквите акти.

Loading...

Во практика многу често се случува да настапот на разузнавачки и контраразузнавачки служби се случува по извршениот терористички акт, многу важно, бидејќи ова е меѓународен проблем и не познава граници е соработка на сите земји кои почиваат соработка пред се на билатерални и мултирателрани договори или догвори на земји членки на меѓународна организација, како што е на нашето тло Европска унија, значи таму има безрезервна поддршка меѓу земјите членки и ниту една земја која сака да го спречи тероризмот и мисли дека тоа сама ќе го направи, нема да го направи.

Разузнавачките служби прават бази на податоци, од тие бази ги известуваат своите партнери дека доколку се најде такво и такво лице со таков и таков идентитет, со таква и таква конфигурација на отпечатоци и други обележја, дека се работиии за лица кои што веќе контраразузнавачките служби стапуваат на сцена и ги неутрализираат таквите групи.

 

 

Loading...

Има ли во Македонија регрутери кои вршат регрутирање на млади лица?

Апсолутно да. Значи пред се тоа беа верските објекти во кои се пропагираше нивната цел, потоа тие создаваа нови регрутери кои во микрозаедници, самите села и помали заедници, пропагираа за такви цели и да кажеме во тоа постигнуваа успех. Меѓутоа сепак велам дека тоа се противуставни дејствија кои службите сериозно ги следат и имавме во Македонија некои терористички акти во 2003-2004 година, случајот Сопот и некои други каде што службите ги открија извршителите, меѓутоа поентата беше да не дојде до тие терористички акти, што за жал не беше по мене добро превенирано, но потоа ги октривме извршители што е помалку важно кога имате жртви.

Каков е патот на таквите лица?

На многу начини се инфилтрираат преку да кажеме трговски претставништа, слободни патувања, туристички патувања, поврзување со свои семејства кои веќе се на тлото на Европа, значи секој можен начин го користат и легален и илегален. Илегален можат да одат преку планини да минуваат државни граници каде ги чекаат нивните јатаци и втор начин со фалсификувани документи, но ако не се експонирани во јавноста како терористи, под око на разузнавачките служби може и со личните документи под разни причини, образование, туристичко патување, да дојдат на тлото односно онаму каде имаат задача од својата теориристичка организација да стасаат и да го извршат терористичкиот акт.

Им помагааат ли електронските комуникации или одмагаат на терористичките организации, со оглед дека на интернетот може да се следи скоро се?

Секогаш тоа е меч со две оштрици. Знаете дека ниту една електронска комуникација не е безбедна и затоа тоа е домашна задчаа на секоја контраразунавачка служба, тоа се посебни оддели, имаат посебни методи на комуникација, не може многу лесно да ги откриете, меѓутоа се јавуваат на нивните медиуми такви комуникации, нивни приврзаници кои ги следат нивните написи од нивните бази, но овие комуникации се претежно во шифрирана форма затоа велам дека тоа се домашни задачи за криптерите во разузнавачките служби да ги дешифирраат комуникациите за да се дојде до разговорот и тоа е најдобар начин да се спречи терористичкиот акт.

Loading...

Имаше еден пример, многу малку информации во јавноста за 18-годишна девојка од Куманово која загина на боиштата на Блискиот исток. Која е улогата на терористичките организации со оглед дека во исламот жената има подредена улога?

Тоа е наша сограѓанка од Куманово, средношколка, која од оние колку ми е познато истржаувања, се работи за алтруистички мотив, значи токму преку социјалните мрежи за да допринесе за каузата како што велат терористите, замина во редовите на ИСИЛ. Инаку во ИСИЛ жената се третира исто како и во други околности, пред се треба да работи, да дава логистика, многу ретко се јавуваат жени извршители на терористички акти, имаше во Беслам, во Москва, многу поретко се јавуваат 2-3 проценти жени како директни извршители на терористички акти и претежно се користат како логистика за терористичките организации, за пород, да кажеме и задоволствата на терористите.

Таму имаше и склучувано бракови кои владеат по шеријатското право и тоа е сериозна закана, затоа што веќе оформуваат семејства и тоа семејство во иднина може да биде закана за општеството.

Leave a Reply