„Како да има 11 деца во неа”: Поради нејзиниот стомак, луѓето се во шок (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Бремената Брук Луни од Калифорнија чека момче, а многу корисници на социјалните мрежи не веруваат дека тоа е само едно дете поради големината на нејзиниот стомак.

Loading...

Имено, ова и е шеста бременост. Таа на ТикТок ги објавува предизвиците со кои се соочуваат трудниците.

„Луѓе, таа изгледа одвратно, како да носи единаесет деца“, напиша еден корисник на ТикТок.

„Благословено е тоа бебе, живее во пентхаус“, додаде друг.

„Ова е одвратно“, е исто така еден од коментарите.

Брук изјави дека таквите коментари не ја навредуваат и дека всушност и се смешни.

„Најмногу ги пишуваат деца. Се разбира, не ги земам при срце ваквите работи“, изјави таа за Today Parents.

 

Loading...

 

Таа исто така вели дека луѓето ја запираат на улица и прашуваат дали има гестациски дијабетес, бидејќи тоа предизвикува бебето да расте премногу. Брук истакнува дека нејзиното дете е здраво и дека бременоста оди добро.

Таа во интервју за „Индипендент“ вели дека се надева дека нејзините снимки ќе им помогнат на оние трудници кои немаат доволно самодоверба.

“Сакам да ги охрабрам жените да го сакаат својот изглед. Многумина од нив ми рекоа дека им дадов да разберат дека никој нема право да не критикува на кој било начин, особено не поради нивниот изглед”, рекла таа.

 

@brookesobasic

Octomom vibes 💅🏽 #pregnancy #viral #mamatok #mumof6 #giganticbelly #imokay

♬ saddddd – ❀ ✩ Alex .·:*¨༺