Кај Ѕидот на плачот се одржа молитва по повод 30 дена од нападот на Хамас врз Израел

Сподели со своите пријатели

Во Ерусалим се одржа верска комеморација по повод 30 дена од нападот на палестинските милитанти Хамас врз Израел, во кој загинаа 1.400 луѓе, пишува Гардијан.

Loading...

Роднините на загинатите се собраа пред Ѕидот на плачот, со запалена свеќа за секоја жртва, за да го одбележат месецот на жалост, на најсветото место за Евреите.

Пред огромното израелско знаме, главниот воен рабин Шаи Абрамсон водеше молитва за загинатите, која вклучуваше благослов за безбедносните сили кои „платија со своите животи за да ја заштитат земјата Израел“, пишува британскиот весник.

Ова е прва верска комеморација организирана на Ѕидот на плачот од 7 октомври, пренесува Танјуг.