Кафе, електронски уреди и моторни пили запленети на Табановце (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Во текот на минатиот месец, царинските службеници открија една царинска измама, тројца мигранти како повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што се задржани златен накит, муниција за огнено оружје, рачни часовници, ремчиња за часовници, цигари, кафе за автомати, текстилни производи, делови за товарни возила, моторни пили, аудиотехника и фалсификати.

Loading...

Вкупно 9600 грама кафе во зрно, тип „LAVAZZA crema e aroma“ (96 пакувања по 1 килограм), биле откриени при контрола на македонско патничко комбе, управувано од македонски државјанин, пријавено за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат, информират од Царинската управа.

Фото: Царинска управа

Непријавеното кафе, пронајдено во 16 картонски пакети сместени во багажникот на воизлото и покриени со куфери, торби и разни кеси, биле привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка.

Во друг случај, осум употребувани моторни пили марка STIHL, биле откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на бугарско патничко комбе, управувано од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат.

Фото: Царинска управа

Loading...

Непријавените моторни пили, биле пронајдени во два куфери сместени во багажникот на возилото, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна постапка.

Во трет случај, разни употребувани и нови аудиотехнички уреди (микрофони, ресивери за микрофони и еквилајзер) и 3 зглобови за осветлувачки рампи, биле откриени при контрола на македонски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат.

Фото: Царинска управа

Непријавените производи, пронајдени во просторот за резервна гума на возилото, биле  привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка, стои во месечниот извештај на Царинската управа на Република Северна Македонија.

Leave a Reply