Јужна Кореја отвори оган: Упад на дронови од Северна Кореја!

Сподели со своите пријатели

Дронови од Северна Кореја денеска без дозвола влегоа на територијата на Јужна Кореја, кои ја подигнаа борбената авијација и отворија оган како предупредување, пренесува Ројтерс.

Loading...

„Неидентификувани летечки објекти“ ја прелетаа демаркационата линија што ги дели двете Кореи, а беа забележани во областа Гимпо, кај островот Гангва и во областа Пају, што доведе до привремено ограничување на цивилните летови во таа област, пренесува Јонхап.

На два аеродроми во Сеул, летовите беа прекинати на еден час на барање на војската.

Поради оваа закана, јужнокорејската армија го разнесе и лесното летало КА-1, кое од непозната причина се урна во областа Хоенгсанг, 140 километри источно од Сеул.

Сите информации поврзани со најновите случувања во Северна Кореја можете да ги прочитате ТУКА.