Јутуб наскоро ќе го олесни лајкувањето и коментирањето на мобилната апликација

Сподели со своите пријатели

Јутуб почна да воведува редизајниран мобилен интерфејс кој меѓу другото вклучува побрз и полесен пристап до копчињата за допаѓање и коментари.

Loading...

Засега, кога гледате видео на цел екран на уреди со Андроид или ИОС, треба да излезете од режимот на пејзаж за да ги видите копчињата за допаѓање, опцијата за споделување видео или коментар.

 

 

Сепак, како што забележа The Verge, наскоро ќе можете едноставно да го допрете екранот и сите копчиња ќе бидат прикажани на дното на екранот, а видеото што го гледате нема да биде прекинато.

Новиот дизајн ќе ви овозможи и лесен начин за пристап до коментарите на видеото. И за ова, нема да има потреба да се враќате во режим на портрет и да скролувате до коментарите – кога ќе кликнете на копчето за коментари кои исто така ќе бидат на екранот, ќе се појави веднаш до видеото во приказ на пејзаж. Во исто време ќе можете да го гледате видеото и да ги прелистувате коментарите.

 

Loading...

 

Портпаролот на Гугл, Алисон То, изјави за Verge дека новиот кориснички интерфејс почнал да се појавува на уредите со Андроид и ИОС во понеделникот, па веројатно наскоро ќе пристигне и на вашите телефони, ако веќе не се појавил.