ЈП „Чистота и зеленило“ воведе електронска наплата на сметките

Сподели со своите пријатели

Граѓаните на Општина Куманово од денеска ќе можат сметките за смет издадени од страна на Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ да ги плаќаат и по електронски пат.

Loading...

– Упатуваме апел до граѓаните редовно да си ги подмируваат своите сметки со што би се одвивала нормално работата во рамките на јавното претпријатие кое имаше огромен ангажман во справување со кризата. Оваа воедно беше и барање на граѓаните, но поради административните работи не можевме порано да ја активираме оваа алатка во рамките на софтверот за наплата, изјави директорот на „Чистота и зеленило“, Даниел Стојчевски.

Сметките можете да ги платите преку веб страницата на јавното претпријатие jpcistotaizelenilo.mk,а упатството за плаќање можете да го најдете ТУКА.

Инаку кумановското комунално претпријатие од неодамна го смени начинот на плаќање на сметките. Наместо да ви доаѓа инкасатор дома, сметките ќе ги платите во центрите кои „Чистота и зеленило“ ги отвори на неколку локации или отсега и онлајн со платежна картичка.

Никола Ивановски

Leave a Reply