Јапонски милијардер и неговиот асистент патуваат во вселената!

Сподели со своите пријатели

Јапонскиот моден магнат Јусаку Маезава веќе резервираше билет за патување околу Месечината, но прво планира да ја посети Меѓународната вселенска станица.

Loading...

Маезава резервирал возење до Месечината со „Space Х“ на Маск, но, како што објави на Твитер, планот е прво да ја посети Меѓународната вселенска станица (МСС).

Платил за две места во руската капсула „Сојуз“, а во декември тргнува на 12-дневна мисија со неговиот помошник и професионален космонаут.

„Толку сум љубопитен… Каков е животот во вселената? Планирам да го откријам лично, и да го споделам со светот“, рече Маезава.

 

 

Богатиот човек од Јапонија ќе биде првиот човек кој ќе плати за своето патување до вселенската станица по повеќе од една деценија, а организаторите на мисијата одбија да ги соопштат трошоците и цената по која Маезава реши да патува во МСС.

Loading...

Од 2001 до 2009 година, седум туристи биле на Меѓународната вселенска станица.

Кога станува збор за патување до Месечината, Маезава започнува со таа авантура во 2023 година, со уште осум патници избрани на посебен натпревар.

 

 

На Маезави (45), кој е основач на трговски ланец продавници за облека, ќе му се придружи фотографот и асистент Јозо Хирано.

Ќе бидат придружувани од рускиот космонаут Александар Мисуркин, кој помина скоро една година на вселенската станица во две одделни мисии.

Лансирањето е закажано за 8 декември од Казахстан.

Loading...

Leave a Reply