Јапонија воведе уште санкции за Русија

Сподели со своите пријатели

Денеска Јапонија ја прошири листата на санкционирани поединци и деловни субјекти на Русија, замрзнувајќи ги имотите на 48 лица, меѓу кои и заменик министерот за одбрана Виктор Горемикин и извршниот директор на Калашников Алан Лушиников.

Loading...

Новиот список на санкционираните го објави јапонското Министерство за надворешни работи, пренесе ТАСС.

Новите рестриктивни мерки на Јапонија против Русија поради војната во Украина ги вклучуваат Росбанк, бродоградилиштето Звездочка и уште 91 правно лице.

Имотот на 73 компании е замрзнат, додека уште 21 организација, меѓу кои, според руската агенција, приватната воена компанија Вагнер и институцијата за имплементација на стандардите Росстандард, се предмет на забрана за извоз.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.