Јапонија поднесе протест до Кина поради суспензијата на визите за јапонските граѓани

Сподели со своите пријатели

Јапонија поднесе протест до Кина поради суспензијата на визите за јапонските граѓани и побара одлуката да биде поништена, изјави денеска главниот јапонски секретар на кабинетот Хироказу Мацуно.

Loading...

– За жалење е што Кина еднострано воведе суспензија на визите од причини кои не се поврзани со борбата против коронавирусот – рече Мацуно на редовната прес-конференција.

Запрашан за идните гранични контроли во Јапонија, Мацуно рече дека владата ќе одговори соодветно врз основа на ситуацијата со коронавирус во Кина.

Потегот на Кина дојде откако Јапонија ги заостри правилата за скрининг за патниците кои доаѓаат директно од Кина, вклучително и условот за негативен резултат од PCR тестот не постар од 72 часа пред поаѓањето, објави Ројтерс.

Кина започна да ја укинува својата стратегија за нулта толеранција за коронавирусот на почетокот на декември, вклучувајќи ги повеќето ограничувања за патувања во странство.

Поради зголемениот број на заболени од корона во Кина, многу земји ширум светот бараат патниците од Кина да имаат негативен тест за корона за да им биде дозволен влез во тие земји.