Јапонија го одложи лансирањето ракета поради силните ветрови

Сподели со своите пријатели

Јапонската вселенска агенција го одложи лансирањето на ракетата со првото јапонско вселенско летало што требаше да слета на Месечината, што беше закажано за денеска, поради силните ветрови.

Loading...

Лансирањето на ракетата беше прекинато на помалку од 30 минути пред неговото планирано подигнување поради силните ветрови, бидејќи постоеше ризик од ракетни остатоци да паднат надвор од претходно предупредените области, рече шефот на единицата за лансирање на Mitsubishi Heavy Industries (MHI), Татсуру Токунага.

Токунага додаде дека се уште не е одреден нов датум за лансирање, но дека нема да биде пред четврток поради неопходните подготовки, објави Ројтерс.

MHI и јапонската вселенска агенција JAXA објавија дека лансирањето не може да се случи до 15 септември.

Лансирањето на ракетата веќе двапати беше одложено од минатата недела поради лошите временски услови.

Ракетата носи вселенско летало кое се претпоставува дека е првото јапонско летало кое ќе слета на Месечината.