Ја водеше прогнозата со бебе во рацете, па ги освои срцата на гледачите (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Метеорологот Ребека Шулд минатата недела ги изненади гледачите кога се појави на екраните со нејзината 13-неделна ќерка Фиона во рацете.

Loading...

„Таа е подготвена. Овде има едно од нејзините дебели ќебиња за студеното време што доаѓа вечерва“, рече Шулд за време на временската прогноза што се емитуваше во живо од нејзиниот подрум поради протоколот за ковид.

Како што вели, ситуацијата воопшто не била планирана.

„Неколку минути ме одвоија од емитувањето на прогнозата, а Фиона штотуку се разбуди. Одам до зелениот ѕид, ја држам во раце, а продуцентот ме прашува дали ќе се појави на екранот. Реков секако дека немам избор“, изјави таа за Yahoo Life.

Таа призна дека се чувствува виновна дел од секундата, а потоа се запрашала зошто.

„Ова е животот. И другите го прават тоа. Родителите работат од дома, нивните деца се болни, плачат во позадина. Предизвикувачки е да се работи со деца, но тоа е наше секојдневие. Тогаш зошто ги криеме?” – се запраша таа.

Тогаш сфатила дека иако го држела детето во раце, сепак си ја сработила работата. Илјадници гледачи се согласија со неа и ја поздравија нејзината искреност.

„Ако имате деца, привилегија е да можете да работите од дома“, истакнува Шулд, но сепак признава дека е тешко да се држите до распоредот со доенче.

Loading...

„Можам да извршувам повеќе задачи, а сепак да се грижам за неа и да бидам присутна. Во некои земји породилното отсуство трае подолго, така што мајките и/или татковците можат да се поврзат со децата и да не ги пропуштаат нивните достигнувања и пресвртници. Фиона се кикоти во последните недели и почна да гука. Можев да видам се затоа што сум дома со неа. Тоа е најдобриот дел. Зошто не работиме од дома ако можеме да користиме технологија? Зошто мораме да бидеме во канцеларија? Имаме се дома“, објаснува таа.

Породилното отсуство во САД е комплицирано. За разлика од другите земји, САД на своите граѓани не им даваат платено породилно, татковско или семејно отсуство.

Шест недели одмор се дел од краткорочното осигурување на некои компании кои нудат здравствено осигурување. Тие шест недели се зголемуваат на осум во случај на жената да се породила со царски рез.

Само 42 отсто од работниците во приватниот сектор во САД имале пристап до платеното породилно отсуство во 2020 година.

Она што често се случува е родителите да комбинираат боледување, неискористени денови за одмор и слободни денови.

Според Законот за семејно и медицинско отсуство од 1993 година, родителите можат да земат до 12 недели неплатено семејно отсуство за да раѓаат или посвојуваат дете, но само ако работат во компании со 50 или повеќе вработени.

 

Loading...