Бриџит Вол, Ромка од Ирска, редовно споделува детали од својот живот на TikTok, а неодамна откри дека не знаела за договорениот брак, до тоа утро.
– Ме натераа да се омажам, јас дури и не знаев дека треба да се омажам до денот на венчавката, а камоли за кого – раскажа таа за едно утро кога се разбудила, а голема бела венчаница ја пречекала на креветот.
Бракот, вели таа, пропаднал, а нејзиниот поранешен сопруг почнал да ја злоупотребува две недели по венчавката, но таа успеала да се разведе од него дури седум години подоцна, на 23-годишна возраст.
@bridgey_barbaraThought I jump on this trend even tho I done shit 🤣🤦🏻♀️ #tiktoktraditions #fypシ #irish #traveller #girll ♬ The Magic Bomb (Questions I Get Asked) [Extended Mix] – Hoàng Read
– Не бев жена, сѐ уште бев дете – рече таа во своето видео и објасни зошто некои ромски семејства сѐ уште договараат бракови за своите деца.
Причината, вели таа, е тоа што тие не сакаат нивните деца да се венчаат за друга раса, религија или нација, затоа претпочитаат да изберат некој од заедницата чие семејство го знаат и што им се допаѓа.
– Ако има помала заедница, се случува да се венчаме, со роднини, но тоа е реткост денес во Ирска – рече таа и додаде дека во секој случај, девојчињата мора да прават како што им велат родителите.
@bridgey_barbaraAnswer to @lizmc10 #fypシ