Ја побарал за жена 30 пати, но таа воопшто не сфатила (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Свршувачката не е толку лесна задача како што изгледа.

Loading...

Можностите се бесконечни, така што можете едноставно да ја побарате девојката дома, да го сокриете прстенот во колачи во фенси ресторан или направете го тоа некаде на прошетка.

Најголем проблем е што имате само еден обид.

Колтон Вотерс, татко на две деца, најде единствен начин да ја запроси својата девојка повеќе од 30 пати без таа да забележи.

Тој го купил прстенот, но немал идеја како да ја праша Даниел Кемпбел да се омажи со него. Тој сакал да биде романтичен и забавен, но не и несериозен во исто време. Исто така сакал камерата да го сними целиот настан.

Се покажало дека воопшто не е лесно.

– Јас го носев прстенот со мене каде и да отидов и го сликав. Го оставив прстенот на различни места во куќата за да таа го најде, вели Колтон.

Тој го закачил прстенот дури и на нејзината чанта, го ставил во поштенското сандаче, го носел прстенот во рака додека пазаруваше во супермаркетот. На крајот дури и го спуштил прстенот во нејзината рака додека таа спиела.

Loading...

Планирал да ја праша во моментот кога таа ќе го забележи.

И покрај сите напори, таа не забележа ништо, така што Колтон морал да ја праша формално.

Тој клекнала и прашал без двоумење, а фотографиите од неуспешните обиди ќе останат убави спомени од албумот за свадбени фотографии.

Leave a Reply