Ја оштетил државата за 170.000 евра, со години се преправал дела е слеп и примал помош

Сподели со своите пријатели

Италијанец кој со години добивал државна помош за слепило бил фатен оваа недела под сомнение дека извршил измама откако бил виден како вози, гледа во излози и вози скутер, објавија италијанските медиуми.

Loading...

Маж од Палермо од 2008 година добил најмалку 170.000 евра помош, откако тврдел дека е целосно слеп како последица на наследно пореметување, пренесува Јутарњи лист.

Италијанската финансиска полиција била предупредена откако мажот ја обновил возачката дозвола во 2018 година, и покрај неговата изјава за слепило, објавија медиумите.

За време на заседата, властите утврдиле дека мажот возел, притоа вртел број на телефонот, гледал низ излозите додека шетал низ прометниот трговски центар и ја учел ќерка си да вози велосипед.

40-годишникот исто така бил виден како вози скутер без осигурување, објави „Палермо тудеј“, додавајќи дека човекот го добил прекарот „Берлускони“, по поранешниот италијански премиер со историја на правни проблеми.

Италијанецот веќе им бил „познат“ на властите, затоа што минатата година првостепено беше осуден на речиси 15 години затвор како дел од групата која организирала лажни сообраќајни несреќи за да добие исплати за осигурување.

Случајот е во жалба.

И покрај тоа што бил сопственик на гаражата, мажот ги добивал и италијанските таканаречени „основни примања“, односно месечната социјална помош што им се давала на најсиромашните граѓани во земјава.

Loading...