Извозот на руска нафта во пораст, приходите во пад

Сподели со своите пријатели

Извозот на руска нафта се зголеми во ноември пред ограничувањата на цените на 5 декември наметнати од Г7, Европската унија и Австралија за да се намалат приходот на Москва за време на војната, соопшти денеска Меѓународната агенција за енергија (ИЕА).

Loading...

Трендот на намалување на светските цени на нафтата и повисоките попусти на руската нафта влијаеле на падот на приходот на Москва за 700 милиони долари на 15,8 милијарди долари, објави ИЕА.

Агенцијата со седиште во Париз соопшти дека сè уште проценува дека ограничувањето на цената ќе го намали руското производство на нафта за 1,4 милиони барели дневно (bpd) следната година, пренесува Ројтерс.

Додека пониските цени на нафтата се добредојдено олеснување за потрошувачите кои се соочуваат со зголемена инфлација, целосното влијание на ембаргото врз пратките на руската нафта и деривати останува да се види, додаде ИЕА.

Глобалните економски предизвици и грижите за побарувачката во Кина, најголемиот увозник на нафта, помогнаа да се неутрализира голем дел од овогодишниот пораст на цената на нафтата, но ИЕА вели дека побарувачката во некои региони е изненадувачки силна.

Кина, Индија и Блискиот Исток неутрализираа дел од намалувањето на набавката на нафта во Европа и другите земји во источна Азија, се вели во извештајот на агенцијата за енергетика.

Ова откритие ја наведе ИЕА да ја зголеми својата проценка за растот на побарувачката на нафта за оваа година за 140.000 барели дневно (bpd) на 2,3 милиони барели дневно и за 100.000 барели дневно до 1,7 милиони bpd следната година.

Според ИЕА, бидејќи претстојат зимските месеци и се приближуваме кон позатегнат баланс меѓу понудата и побарувачката на нафтениот пазар во вториот квартал од 2023 година, не може да се исклучи уште еден пораст на цените на „црното злато“.

Loading...

Сите информации за економско-енергетската криза во Македонија, регионот и светот можете да ги прочитате ТУКА.