Израелската војска собори неидентификувано летало над Појасот Газа

Сподели со своите пријатели

Израелски воен авион денеска собори неидентификувано леталонад Појасот Газа, соопшти израелската армија.

Loading...

Леталото не претставувал закана за Израел, соопшти војската, пренесе Ројтерс.

Борбени хеликоптери и авиони на воздухопловните сили соборија и неидентификуван авион кој вчера од Сирија влезе во израелскиот воздушен простор, соопшти израелската армија.

Инцидентот доаѓа во време на ескалација на тензиите меѓу Израел и Иран поради присуството на Иран на северната граница на Израел и по серијата воздушни напади кои му се припишуваат на Израел во Сирија, објави „Тајмс оф Израел“.

Армијата го следела неидентификуваното летало и го „соборила на отворено подрачје“ за да не претставува закана за жителите на областа, се вели во соопштението на израелските одбранбени сили.

Сирените за воздушен напад не се огласија во ниту еден момент за време на инцидентот.

Израелските медиуми наведуваат дека војската верува дека леталото е од иранско потекло.

Околу еден час по упадот, сириските медиуми објавија дека има експлозии на аеродром во близина на главниот град Дамаск, но не го обвинија Израел.

Loading...