Израел ја нападна Сирија: Има загинати!

Сподели со своите пријатели

Во израелски напад врз воени позиции на југозападот на Сирија во средата, осум војници загинаа, а седум беа ранети, јави сириската државна новинска агенција САНА.

Loading...

Повикувајќи се на воен извор, САНА објави дека израелската „воздушна агресија“ била насочена кон бројни воени позиции во близина на југозападниот град Дера.

Од ударот е причинета и материјална штета, информираат оттаму.

Нападот се случил во средата навечер, јави САНА.

Израелската војска претходно објави дека нејзините авиони ја гаѓале инфраструктурата на сириската армија како одговор на лансирањето ракети од Сирија кон Израел.

Војската објави дека во вторникот вечерта идентификувала две ракетни лансирања од Сирија и дека одговорила со артилериски оган кон изворите на лансирањето.

Исто така, се наведува дека нејзините воени авиони „погодиле воена инфраструктура и минофрлачи на сириската армија“.