Избегната катастрофа во последен момент, авионите за малку ќе се судрea на пистата (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Федералната управа за авијација го истражува повикот на меѓународниот аеродром ЏФК (Џон Ф. Кенеди) во петокот вечерта во кој два авиони за малку ќе се судреле на пистата.

Loading...

Инцидентот се случил помеѓу лет на „Делта ерлајнс“ за Доминиканската Република и лет на „Американ ерлајнс“.

Околу 20 часот и 45 минути, додека авионот на „Делта“ забрзаl по пистата, се појавиl авион на „Американ ерлајнс“ кој го изненадиl преминувајќи ја пистата напред.

Во соопштението на ФАА се вели дека „контролорите на летање забележале друг авион кој ја преминал пистата пред авионот што полетувал“.

„Делта 1943 го откажува одобрувањето!“, објавиl двапати контролорот на летање.

Летот на Делта одговориl со забавување и на крајот запреl. Двата авиони, наводно, поминале на 304 метри еден од друг.

Патник на летот на Делта изјави за NBC News дека имало паника во авионот.

„Го почувствував адреналинот и владееше целосна тишина во авионот – а потоа имаше олеснување кога авионот застана“, изјави Брајан Хили.

Loading...

Националниот одбор за безбедност на транспортот (NTSB) во неделата соопшти дека исто така го истражува „упадот на пистата“.

На летот на „Делта ерлајнс“ имало 145 патници и шест членови на екипажот. По инцидентот, летот беше одложен до сабота наутро, а Делта обезбеди сместување за патниците за време на чекањето.

Делта соопшти дека соработува со властите во истрагата.

„Безбедноста на нашите патници и членови на екипажот е секогаш приоритет број еден на Делта“, се вели во соопштението. „Им се извинуваме на нашите клиенти за непријатностите и доцнењето на нивните патувања.