Ивана Дичковиќ му донесе нова победа на ЖРК Куманово

Сподели со своите пријатели

Ослабениот тим на ЖРК Куманово во натпреварот од 23. коло од женската ракометна лига на Македонија оствари победа, откако на гостински терен го совлада составот на ЖРК Деспина од Битола со резултат 23:24.

И покрај тоа што натпреварот започна со водство на домаќинот со резултат 3:0, гостинскиот тим се врати и најпрвин успеа да изедначи на 7:7, а потоа и со предност да замине на полувреме со резултат 11:12.

Вториот дел од средбата започна со доминантна игра на ЖРК Куманово меѓутоа домашниот тим успеа да се врати па и во 19. минута да поведе со резултат 20:19. Вистинска драма се случуваше во самиот финиш при водство на домаќинот од резултат 23:22, голманот Ивана Дичковиќ успеа да одбрани седмерец, а потоа и при водството на гостинскиот тим 23:24 успеа да одбрани зицер со што им донесе нова победа на кумановки.

Најдобар стрелец во составот на ЖРК Куманово беше Наталија Пецанова со 7 реализирани погодоци, а најдобар играч голманката Ивана Дичковиќ, додека во составот на ЖРК Деспина со девет гола најефикасна беше Михаела Камческа.

Моментално повредени ракометарки кај ЖРК Куманово се Александра Боризовска, Бранкица Марковиќ, Маја Ивановска и Викторија Пеовска, но еќе на следниот натпревар се очекува повраток на Александра и Викторија.

Следниот меч ракометарките на Куманово го играат на домашен терен против составот на ЖРК Вардар.

Leave a Reply