Италија најпогодена од природните катастрофи во Европа, во светот – Кина

Сподели со своите пријатели

Италија е најпогодена европска земја од глобалното затоплување, доколку се земат предвид природните катастрофи и нивните последици, покажува истражувањето на порталот uswitch.com.

Loading...

Во текот на изминатите 50 години, имаше голем пораст на природните катастрофи, а студијата ги анализираше историските податоци за повеќе од 15.000 природни катастрофи од 1902 до 2021 година.

Зголемувањето на температурата на воздухот и водата, поради глобалните климатски промени, предизвикаа повисоки нивоа на морето и поголема брзина на ветерот. Овие фактори довеле до почести и поинтензивни природни катастрофи.

Истражувањето анализирало суши, земјотреси, епидемии, екстремни температури, поплави, магли, излевање на глечерски езера, лизгање на земјиштето, бури, пожари и други природни катастрофи, штетите предизвикани од бројот на жртви и погодени луѓе, пренесува EURACTIV.

Од 1902 година во Италија имало 173 природни катастрофи, кои предизвикале економска штета од 187 милијарди евра, три пати поголема отколку во која било друга европска земја.

Италија најчесто била погодена од земјотреси, одрони и вулкански ерупции, а во тие несреќи загинале повеќе од 140.000 луѓе.

На второ место е Русија, која имаше ист број катастрофи како Италија, но однесе помалку жртви (околу 62.000) и направи помала материјална штета (13 милијарди евра). Земјата имаше најмногу поплави и пожари во Европа.

Франција има најмногу природни катастрофи во Европа

Loading...

Франција, на третото место, имаше најмногу природни катастрофи во Европа – 184, кои ја чинеа земјата околу 61 милијарда евра. Франција беше најтешко погодена од невреме и поплави.

Шпанија е на четврто место, со 103 природни катастрофи кои однесоа повеќе од 17.000 животи. Шпанија е на четвртото место во Европа по материјална штета, која изнесува повеќе од 50 милијарди евра.

Околу 6,8 милиони луѓе беа погодени од природни катастрофи во Шпанија, повеќе отколку во другите европски земји, но бројот на жртви беше нешто повеќе од 17.000.

Во Романија, која е на петтото место, речиси 5.000 луѓе загинале во 101 катастрофи, а два милиони луѓе биле погодени. Вкупната материјална штета се проценува на 15 милијарди евра.

Грција е најпогодена од земјотреси, поплави и пожари, во кои од 1902 година загинале околу 2.800 луѓе и предизвикаа штета од над 21 милијарда евра.

Обединетото Кралство, Германија, Албанија и Украина се меѓу првите 10 европски земји кои се најизложени на природни катастрофи.

Гледано на глобално ниво, Кина е на прво место, погодена од 982 природни катастрофи.

Во нив загинале повеќе од 12,5 милиони луѓе, вкупно беа погодени 3,3 милијарди луѓе, а економската штета беше поголема од 704 милијарди евра.

Loading...

Од 1902 година, во Кина имало 39 суши, повеќе отколку во која било друга земја опфатена со истражувањето.

САД се на четврто место, но имале најмногу природни катастрофи – 1.090, а на прво место според проценетата материјална штета – 1.500 милијарди евра.

САД забележале најмногу бури во светот – 685.