Италија има повеќе стогодишници од кога било досега

Сподели со своите пријатели

Бројот на луѓе постари од 100 години во Италија минатата година достигна ново рекордно ниво, објави во петокот Државниот завод за статистика (ИСТАТ), додека просечната возраст на населението во земјата расте побрзо отколку во другите членки на Европската унија.

Loading...

Во својот годишен извештај ИСТАТ наведува дека уделот на населението постари од 100 години е тројно зголемен од почетокот на векот и дека во јануари оваа година изнесува речиси 22.000 луѓе, а тоа се главно жени.

Бројот на деца родени во 2022 година се намали на 393.000, што е најниско ниво од обединувањето на Италија, кое се случи пред повеќе од 150 години.

Населението во земјата рапидно се намалува од 2014 година, а грижата за зголемениот број стари лица е еден од најголемите предизвици со кои се соочува Италија.

Просечната возраст во земјата се зголеми на 46,4 години, додека од почетокот на 2020 година до 2023 година беше 45,7 години, истакна ИСТАТ.

Заводот за статистика очекува бројот на луѓе на возраст над 80 години да се зголеми до 35 отсто во споредба со 2021 година и да надмине шест милиони во 2041 година.