Истражување: Количината на пластика во океаните далеку помала отколку што се мислеше

Сподели со своите пријатели

Постои можност количината на пластика во океаните да е далеку помала од она што се претпоставуваше во последните две децении, односно да изнесува околу 3,2 милиони тони, а не од 50 до 300 милиони тони, како што претходно се претпоставуваше.

Loading...

Како што пренесува Dutch Times, еден од заклучоците до кои дошле истражувачите од Универзитетот во Утрехт е дека многу повеќе пластика останува во реките, а многу помалку стигнува до океанот.

Своите пресметки ги засновале на повеќе од 20.000 локации каде што правеле мерења.

Претходните проценки за количеството пластика во океаните главно се засноваа на официјални податоци за количината на пластика која се произведува годишно, што е околу 400 милиони тони или вкупно 10 милијарди тони од 1950-тите, од кои само шест проценти повторно се користат.

Врз основа на тие проценки, еколошките организации проценуваат дека повеќе од 10 милиони тони пластика завршуваат во океаните секоја година.

„Само мал дел од пластичен отпад стигнува до океанот. А она што останува во океаните лебди во големи парчиња многу подолго. Има многу помалку микропластика во водата отколку што се мислеше“, вели Микаел Кандорп, океанограф од Универзитетот во Утрехт.

Биологот Меријн Тинга е „претпазлив оптимист“ во врска со овие заклучоци, според Dutch Times.

„Се разбира, се надеваме дека има помалку пластика од очекуваното. Но, дури и ако количината на отпад е сто пати помала отколку што се мислеше, сепак е премногу. Посебно е лошо ако отпадот подолго се задржува во реките, каде што е релативно полесно да се исчисти“, смета Тинга, пренесува Танјуг.

Loading...