Исчезна невидлив ловец Ф-35 во САД, армијата бара помош од граѓаните во потрагата

Сподели со своите пријатели

Американски борбен авион Ф-35 исчезна во Јужна Каролина по катапултирањето на пилотот, а воените претставници бараат од јавноста да ѝ помогне да го пронајдат „невидливиот“ авион.

Loading...

Потрагата е фокусирана на областите околу езерото Мултри и езерото Мерион северно до Северен Чарлстон каде се наоѓа воената база.

Пилотот за време на несреќата безбедно се катапултирал и е во стабилна состојба во болница, пишува Гардијан.

Локалната конгресменка Ненси Мејс праша „како е можно да се изгуби Ф-35“.

„Нема ли апарат за следење на авион и сега бараме од граѓаните да го најдат?“, порача таа на социјалните мрежи.

Во потрагата бил вклучен и хеликоптер.

F-35 Lightning II е петта генерација, повеќенаменски борбен авион со еден мотор со мала воочливост, развиен од Локхид Мартин.