Граѓаните на Куманово од утре на два пункта во градот ќе можат да доставуваат донации за населението кое вчера страдаше од катастрофалното невреме кое го погоди град Скопје и околината.
Loading...
Во организација на Иницијативниот одбор на граѓани двата пункта од рано изутрина ќе бидат отворени за донации, едниот кај споменикот на Батко Ѓоргија на градскиот плоштад, а другиот во близина на Центарот за култура.
Препораките од Црвениот Крст е дека неопходни се вода, конзервирана храна, бебешка храна,пелени и хигиенски средства,така што ги повикувам кумановци уште еднаш да ја покажат хуманоста и да донираат за настраданите.Донациите ќе можат да се носат од 8 до 20 часот – изјави Александар Крстевски, претседател на Иницијативниот одбор.
Тој повика граѓаните кои се во можност да донираат и со повик на телефонскиот број 143 400 од сите оператори во државата, а за утре е закажана и вонредна седница на Советот на Општина Куманово каде ќе се расправа за начинот како да се помогне на страданите.
Loading...
Претохдно хуманитарни акции спроведоа и политичките партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, а помош е испратена и од Општина Куманово во техничка опрема.