Инфлуенсери се откажале од посвојување дете, бидејќи не смееле да објавуваат негови фотографии

Сподели со своите пријатели

Јутуберите Ники и Дан Филипи со денови предизвикуваат лавини реакции на социјалните мрежи. Тие привлекоа внимание откривајќи дека го еутанизирале кучето затоа што го гризнало нивниот син, а сега повторно стана вирално и видеото што го објавија во 2018 година.

Loading...

Во него, тие објаснија зошто се откажале од посвојување дете од Тајланд.

Тие рекоа дека една од причините што се откажале од посвојувањето е затоа што нема да можат да споделуваат фотографии од детето на социјалните мрежи една година.

Двојката контактирала со Холт Интернешнл, христијанска организација што ги поврзува децата со посвојувачки семејства и биле известени дека Тајланд има закон со кој се забранува споделување на какви било фотографии или видеа на дете под една година.

„Ники има Јутјуб канал“, објаснува Ден на видеото: „Ние споделуваме многу“.

Ники додаде дека организацијата ги предупредила дека ако не ги сфатат сериозно овие упатства, можат да ги расипат односите на организацијата со земјата и идните посвојувања за други семејства.

„За малку не објавив на Snapchat дека потпишав договор“, рече Ники: „Тотално ќе зезнев се целосно, а потоа ќе уништам и други семејства“.

Иако тие тврдеа дека забраната за објавување на социјалните мрежи не е единствената причина поради која се откажале од посвојувањето, тие објаснија: „Ние само сакаме можност да го направиме она што го сакаме, без да им наштетиме и да не им нанесуваме последици на другите луѓе и на целата организација“.

Loading...

Но, тоа не ги спречило да се обидат да посвојат дете од Кореја само неколку месеци по оваа објава. Сепак, четири месеци подоцна, тие снимија друго видео во кое најавуваат дека повеќе нема да се обидуваат да посвојат дете од Кореја.

На видеото, Ники рече: „Нашата агенција за посвојување верува дека корејскиот судија нема да го одобри усвојувањето затоа што јавно зборуваме за нашата посветеност на посвојувањето“.

„Со овие двајца нешто психички не е во ред… Тие не можеа да жртвуваат една година експлоатирање на дете за да соберат прегледи, исто како што не можеа да чуваат куче затоа што гризнало дете?“ е еден од коментарите.

„Згрижувачкото дете не е нешто што треба да го искористите за прегледи. Жал ми е ако се користи дете за згрижување само за да се оствари профит. Среќен сум што Тајланд го има тој закон”, се согласи вториот додека третиот додаде, „Сите земји треба да усвојат таков закон“.

 

Leave a Reply