Инфлацијата во Кина останува ниска

Сподели со своите пријатели

Годишната стапка на инфлација во Кина падна во март од 0,7 отсто во февруари на 0,1 отсто, објави денеска Националното биро за статистика на Кина.

Loading...

Пазарите очекуваат малку повисока мартовска инфлација во Кина од 0,4 отсто на годишно ниво.

Цените на храната во Кина паднаа за 2,7 отсто на годишно ниво, додека цените на непрехранбените производи пораснаа за 0,7 отсто.

Годишна инфлација од 1,8 отсто е забележана во образованието, облеката поскапе за 1,6 отсто, а здравството скокна за 1,5 отсто, пренесува Танјуг.

Годишната стапка на базичната инфлација во Кина падна во март од 1,2 отсто во февруари на 0,6 отсто, се додава во извештајот.

Според „Саут Чајна Морнинг Пост“, новите податоци укажуваат дека на Кина сè уште и се заканува дефлација, а експертите сметаат дека Пекинг треба да ја исправи својата економска политика поради недоволната побарувачка во земјата.