Имотот на Џорџ Вашингтон продаден за 50 милиони долари (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Дел од оригиналниот имот на Џорџ Вашингтон во Маунт Вернон беше продаден за 50 милиони долари, што е највисока сума платена за имот во Вирџинија, Мериленд и Вашингтон.

Loading...

Имотот од 66 хектари во Александрија, Вирџинија, на околу 100 метри од реката Потомак, со пристап и главна куќа од 1.500 квадратни метри што гледа на реката од речиси секоја соба е познат како Ривер Вју Естат.

 

 

Маунт Вернон е само дел од имотот што Џорџ Вашингтон го купил во 1760 година. Американското хортикултурно друштво сè уште поседува дел од оригиналниот имот, кој оттогаш е претворен во музеј.

Имотот бил во сопственост на семејството до 1859 година и оттогаш се менувал само четири пати.

 

Loading...

 

Претходните сопственици на имотот, директорот на авиокомпанијата „Локид“, Мартин Роберт Стивенс, го купиле имотот во 2014 година за 18,6 милиони долари. Куќата сега е продадена за 48 милиони и платен е мебел вреден два милиони, пишува порталот Mansion Global.

Првиот американски претседател сепак не спиел во куќата со седум спални соби и 13 бањи. Новата, бела резиденција е изградена во американски федерален стил во 2014 година, дизајнирана од архитектот Џим Рил.

 

 

Куќата содржи и овална застаклена просторија со поглед на реката и дворот, неколку тераси, библиотека, соба за забава со бар и фитнес центар со базен и спа.

Loading...

Има и пансион со три спални соби и помошна куќа со гарсоњера.