Има коса над 2 метри и армија обожаватели: „Мажите го обожаваат мојот изглед“ (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Алена Кравченко ја нарекуваат и „златнокоса“, а причината е повеќе од очигледна – има руса коса долга скоро два метра, што и донесе цела армија обожаватели.

Loading...

Оваа Украинка ја пушта косата од својата 5-та година, а сега има 35 години и вели дека е многу внимателна со неа за да биде секогаш здрава и сјајна.

 

 

Ја мие еднаш неделно и никогаш не ја чешла додека е влажна, за да не се расипе косата. Покрај тоа, таа никогаш не ја суши со фен, туку користи природни маски за коса само природно и редовно за да ја храни косата.

„Моето патување до пуштање на косата започна на петгодишна возраст, во време кога косата ми беше кратка и оттогаш никогаш не сум отишла на фризер. Од мала, мајка ми ми рече дека жената треба да има долга коса. Овие зборови ми се врежаа и оттогаш се грижам за косата, сите овие години. Користам природни маски, професионална козметика, ја исплакнувам косата со билки, одам на редовни масажи на главата”.

 

Loading...

 

Алена вели дека дефинитивно се разликува од другите сега затоа што косата и е поголема од нејзе самата!

Благодарение на тоа, привлекува внимание каде и да се појави, вклучувајќи ги и социјалните мрежи.

 

 

„Сакам да се издвојувам од толпата, сакам да ме споредуваат со принцеза затоа што тоа ме прави единствена и невообичаена личност. Мажите сакаат природни русокоси, а со оваа должина на косата секогаш сум во центарот на нивното внимание, и во градот и на социјалните мрежи. Градот ме познава и секогаш кога ќе ме сретнат се восхитуваат на мојата коса“, тврди Алена.

Loading...

„Златокосата“ вели дека луѓето често ја застануваат за да се фотографираат со неа, прашуваат дали е вистинска косата, сакаат да ја допрат и често не им веруваат на своите очи кога ќе ја видат.

 

 

Иако има и такви кои сметаат дека толку долгата коса има и лоши страни, Алена се фокусира на позитивните страни.

„Нема никакви потешкотии со толку долга коса, но ако ја пуштам па стапнам на неа, ќе биде малку непријатно. Претежно се обидувам да ја кренам косата во висока опашка, така што ќе стигне до земјата”.

 

Loading...

 

На крајот, Алена рече дека ако косата и се мери од чело до крај, тоа е повеќе од два метра, и дека и треба околу половина час да се измие.

 

Leave a Reply