Илон маск се откажа од купување на Твитер

Сподели со своите пријатели

Еден од најбогатите луѓе во светот, Илон Маск, нема да ја купи компанијата „Твитер“ поради, како што наведе, повеќекратното прекршување на договорот.

Loading...

Маск во април објави дека има намера да го купи Твитер за 44 милијарди долари, но сега вели дека се повлекува бидејќи компанијата не дала доволно информации за бројот на штетни пораки и лажни профили на социјалната мрежа.

Твитер најави дека планира да покрене правна постапка за спроведување на договорот.

– Управниот одбор на „Твитер“ се обврзува да ја затвори трансакцијата по цена под условите што ги договорил Маск – наведе во порака претседателот на компанијата „Твитер“ Брет Тејлор.

Аналитичарите веруваат дека ова може да доведе до потенцијално долга и тешка правна битка меѓу двете страни.