ИДФ ја подели Газа на северни и јужни делови, нема безбедносни гаранции за цивилите

Сподели со своите пријатели

Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија дека се движат кон градот Газа откако претходно го опколија, како и стигнаа до брегот на Средоземното Море, делејќи ја палестинската енклава на северни и јужни делови.

Loading...

„Северот и југот на Газа се отсечени еден од друг и се под контрола на ИДФ. Ова значи дека се движиме напред кон градот Газа, го опколивме пред два дена и напредуваме“, рече потполковникот на ИД, Питер Лернер, според Си-Ен-Ен.

Тој го опиша градот Газа како „тврдина на терористичките активности на Хамас“ и додаде дека ИДФ е решена да ја уништи палестинската милитантна група.

Претходно и портпаролот на ИДФ Даниел Хагари изјави дека израелските војници ја поделиле Газа на два дела и посочи дека ИДФ ќе дозволи отворање на еднонасочен коридор низ кој наводно жителите на северна Газа ќе преминат во јужниот дел.

„Ова е еднонасочен коридор кон југ. Ние продолжуваме да напаѓаме силно и продолжуваме да ја спроведуваме нашата копнена операција во северниот дел на Газа и поголемиот град Газа“, рече Хагари.

Си-Ен-Ен претходно објави дека израелските сили убиваат палестински цивили во близина на зоните за евакуација, што всушност значи дека нема гаранција за безбедноста на цивилите, што според групите за човекови права може да биде кршење на меѓународното право од страна на Израел.

Покрај тоа, „Тајмс оф Израел“ објави дека ИДФ извршила „тешки напади“ во текот на ноќта во северниот дел на Појасот Газа, откако извршила напади врз подземната и надземната инфраструктура, која наводно му припаѓа на Хамас, пренесува Танјуг.

Војската објави дека извршува „широки напади врз терористичката инфраструктура, под земја и над неа“.

Loading...

Хамас ги опиша нападите како „интензивни бомбардирања“.