И камерите грешат: Казнет е поради пребрзо возење додека автомобилот му го превезувала шлеп служба

Сподели со своите пријатели

Се испоставило дека возачот на шлепер бил пребрз, а камерата ја снимила регистрацијата на автомобилот кој бил на камионот.

Loading...

Сообраќајните камери се прилично прецизни, но не се ни беспрекорни. За тоа сведочи еден пример од Франција.

Имено, сопственикот на спортскиот автомобил Алпин А110 добил писмо од полицијата на домашна адреса. Кога ќе добиете препознатлив плик или препорачана пратка, знаете дека тоа не е добро, а веројатноста да сте го стиснале некаде премногу „гасот“ додека возите со ваква кола и сте ја надминале дозволената брзина не е мала.

 

 

На хартија, Алпин има моќ, 1,8-литарски турбо-бензинец со 252 КС и максимална брзина од 250 km/h. Меѓутоа, во моментот на инкриминирачката фотографија, возачот не можел да ја притисне педалата за гас, не бил ни во возилото, а спортското купе не било на патот – со своите четири тркала.

Автомобилот го превезувала влечна служба и казната е малку бизарна. Очигледно возачот на шлеп службата бил пребрз, а камерата ја снимила регистрацијата на спортскиот автомобил.

Loading...

Така испадна дека возачот на камионот бил спасен, а сопственикот на Алпин се нашол во непријатна ситуација. Во Франција постапката за испраќање казни очигледно е автоматизирана. Ако некој навистина ја погледнеше оваа фотографија, сигурно немаше да ја испрати на адресата на сопственикот на спортското купе.