И денеска пеколно: Во Куманово до 38 степени

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 23, а максималната ќе достигне од 33 до 41 степени. УВ зрачењето ќе биде многу високо со коефициент 9.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме многу топло и сончево време. температурата во утринските часови ќе изнесува 19 степени, а максималната дневна се очекува да се искачи до високи 38 степени целзиусови.

 

Loading...

 

Како што појаснуваат од УХМР, најтопло ќе биде денеска и утре кога температурата на места на југоистокот ќе го надминува и 40-тиот степен.

И покрај топлото време во следните денови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.

 

 

Никола Ивановски

Loading...

Leave a Reply