Хрват исчезна на бојното поле во Украина

Сподели со своите пријатели

24-годишниот Томислав Ткалац од Дуга Реса, Хрватска, исчезна пред околу две недели на територијата на Украина каде, како што се претпоставува, бил припадник на украинската армија.

Loading...

Нема официјална информација дека е убиен Томислав Ткалац, како што е објавено на Фејсбук.

Тој официјално се води како исчезнато лице на територијата на Украина.

Од Министерството за надворешни и европски работи на Република Хрватска за Јутарњи лист потврдија дека имаат официјална информација за неговото исчезнување на територијата на Украина, а од МВР, Јутарњи добил неофицијална потврда дека неговото име се наоѓа на списокот на исчезнати лица во Украина.

Јутарњи неофицијално дознава дека Томислав Ткалац криел од своите најблиски пријатели, мајка му и неколку блиски пријатели, дека оди во војна во Украина, а на сите им кажал дека работи во Германија за да не го спречат неговиот план.

Ова го потврдија и неколку негови пријатели, кои изјавија дека ниту неговата мајка не ја знаела вистината додека полицијата не ѝ тропнала на вратата.

На Фејсбук страницата „Меморијал – меѓународни волонтери за Украина“, посветена на странците кои загинаа во одбраната на Украина, се појави фотографијата на Томислав и следнава реченица:

„Ве молиме, помогнете ни да му одадеме почит за да не биде заборавен. Наш сакан Хрват братот Томислав Ткалац, кој служеше како волонтер во Украина, загина на бојното поле. Чест, слава и благодарност на нашиот брат“.

Loading...

 

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.