ХОРОР ЗАД ФАСАДАТА: 50.000 деца биле принудени на ропство во срцето на Европа

Сподели со своите пријатели

За жал, практиката на користење на децата како бесплатна работна сила има долга традиција низ цела Европа. Децата се земаат од сиромашни семејства, домови за деца со еден родител или директно од сиропиталишта, но и деца штитеници на законот, сместени во нови домови, обично на село.

Loading...

Меѓутоа, наместо ново семејство и топол дом, таму ги чекало тортура – дневна и ноќна работа, глад, физичко и психичко малтретирање, случаите на силување не биле ретки.

Овие деца, дури и да достигнале полнолетство, останале необразовани, длабоко трауматизирани и честопати целосно неспособни за самостоен живот.

Но, иако оваа практика била вообичаен случај низ Европа, одвојувањето на децата од родителите и принудната работа никаде не траела толку долго како во Швајцарија.

Хорор зад фасадата на „рајската држава“

Оваа морничава традиција всушност се појавила како замена за крепосништвото во текот на 19 век.

Откако селаните станале слободни, огромните имоти, првенствено на Алпите, останале без работна сила. Наместо да ангажираат работници за плаќање, богатите земјопоседници ширум Германија, Австрија и Швајцарија барале „помош“ меѓу најслабите.

Сираци, деца од сиромашни семејства, од вонбрачни врски… сите станале жртви на „системот за грижа“ поддржан од државата.

Loading...

Децата најчесто ги преземале сопствениците на селски имоти, иако имало случаи кога завршувале во фабрики и рудници, пишува Historical Entertainer.

Оваа практика остави најстрашни последици во Швајцарија, каде што последните случаи на ова ропство се забележани во осумдесеттите години на 20 век.

Овие деца таму се познати како „вердингкиндер“ – работеле без плата, биле слабо хранети и редовно биле тепани, па голем број од нив не доживеале полнолетство.

Извинување кое пристигнува (пре)доцна

Точниот број на деца кои поминале низ овој пекол среде модерна Европа речиси два века никогаш нема да бидат познати.

Историчарот од Берн, Марк Лојенбергер, тврди дека, во пресрет на Првата светска војна, дури 10 отсто од сите деца во тој швајцарски кантон биле во овој систем.

Некои швајцарски извори тврдат дека на почетокот на 20 век, околу 50.000 (четири проценти од целокупното детско население во таа земја) биле принудени на ропство.

Швајцарија всушност молчеше за овој ужасен дел од својата историја до 2005 година, кога Министерството за правда на земјата отвори извештаи за грижата за децата во текот на 19 и 20 век. Иако делумни, резултатите добиени од истражувачкиот тим беа доволно ужасни.

Loading...

Во 2013 година, швајцарската влада за прв пат јавно им се извини на жртвите на оваа нехумана социјална политика, која ги уништила животите на многу деца во таа земја, а беше отворен фонд од кој ќе се исплати отштета за сè уште живите деца жртви на ропство.