Најмалку 51 мигрант исчезна во Атлантскиот Океан

Сподели со своите пријатели

Најмалку 51 мигрант се водат за исчезнати откако нивниот брод потона во Атлантскиот Океан во близина на брегот на Западна Африка додека патуваа кон шпанските Канарски острови, објавија шпанските медиуми.

Loading...

Бродот потонал на околу 110 километри од островот Ел Иеро, јави шпанската новинска агенција ЕФЕ, наведувајќи дека шпанската крајбрежна стража спасила девет мигранти кои се држеле за дел од остатоците, додека останатите патници се водат како исчезнати.

Преживеаните, сите се мажи, изјавија дека помош чекале два дена и дека на бродот што потонал имало 60 луѓе.

Наводно, мигрантите слетале на брегот на М’Бур во Сенегал пред девет дена.

Соопштено е дека во последните 48 часа на Канарските острови пристигнале 220 мигранти во четири групи.

Потонувањето на бродот го пријави танкер кој пловел од Бразил кон шпанското пристаниште Картагена.