Одеса: Пет лица загинаа, 23 се ранети

Сподели со своите пријатели

Пет лица загинаа во руски ракетен напад врз градот Одеса во југозападна Украина, според новиот биланс објавен денеска од локалните власти.

Loading...

Бројот на жртвите од вчерашниот руски ракетен напад врз Одеса се искачи на пет, бидејќи едно лице почина во болница, напиша регионалниот гувернер Олег Кипер на социјалните мрежи.

Во нападот се ранети 23 лица и тие се уште се лекуваат, додаде официјалниот претставник.

Одеса, црноморско пристаниште од витално значење за украинскиот извоз, е честа цел на руски напади.