ХОРОР СЦЕНА: Пронашол „ѓаволска кутија“, но ги игнорирал предупредувањата напишани на неа (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Човек кој се потпишува како „geebeetv“ на ТикТок во неколку кратки видеа објави како напредува реновирањето на стара куќа од 1920-тите, при што пронашле голем број чудни предмети.

Loading...

Најмногу внимание на придружниците привлече морничавата кутија за која недостасуваше клучот. На него пишувало „peidiwch ar ryddhau“, што на стар велшки значи „не отворај“. Покрај тоа, дрвената кутија е украсена со пентаграм.

Една недела подоцна, клучот бил пронајден. Во аголот, при реновирањето, забележал старо огледало кое се нишало додека одел по подот. Човекот од љубопитност го скршил стаклото зад кое го нашол клучот од дрвената кутија.

Љубопитноста и кај него и кај неговите сопатници била се поголема, па ја отворил кутијата во која го нашол изгорениот дел од чинијата за „повикување духови“ и еден приврзок. Покрај тоа, некој оставил прамен коса и уште еден клуч во кутијата.

Клиповите предизвикаа бројни коментари, а многумина напишаа дека ова е буквално вовед во хорор филм. Трите снимки ги погледнале повеќе од 70 милиони луѓе, а многу од нив тврдат дека се било исценирано, додека други не можеле да поверуаат што гледаат.

 

@geebeetv

We opened the box! #renovation #creepy #ohno #box #ouija #scary #mistake #oldhousetiktok

♬ Creepy Music Box – Terra Fantasy