ХОРОР: Маж убил манекенка во Тајланд, па барал помош од таксист да ѝ го распарчи телото

Сподели со своите пријатели

Јан Јержи Лагода Филипов (25), сопственик на маркетинг компанија со седиште во Велика Британија, наводно со пила го исекол телото на Алон Савченко (24) и побарал помош за да се ослободи од него со помош на „Гугл транслејт“.

Loading...

Алона и Јан пристигнале во нивниот апартман во хотелот Key Saturn Charoenraj во Бангкок на 29 април.

Според „Дејли мејл“, Филипов имал маркетинг компанија регистрирана во Лондон, а Алона порано снимала за него.

Двојката изгледаше среќно додека влегуваа заедно во хотелот – се гледа на надзорната камера како се смешкаат додека се упатуваат кон својата соба.

Но, чуварите се посомневале утрото на 15 мај, кога видно нервозниот Филипов сам и набрзина излегол од хотелот, влечејќи го со себе и својот багаж.

Тој повикал такси, чиј возач, Сурачаи Сабаибанг, подоцна се јавил во хотелот за да ги извести дека Филипов се однесува недоверливо и дека ја користел апликацијата за превод „Гугл“ за да побара помош за сечење на тело.

– Зедов сомнителен патник кој со помош на „Google translate“ ми кажа дека сака да оди во казино. Кога не можеше да најде соодветно место, ме замоли преку апликацијата да му помогнам да го распарчи телото на неговата девојка за 1.500 бати (45 долари), рече возачот кој го остави Филипов во хотел во областа Саторн, а потоа се јави во хотелот каде Полјакот остана.

На снимката од надзорната камера се гледа како Филипов се тресе додека излегува од лифтот, влечејќи куфер зад себе.

Loading...

Откако го повикале таксистот, персоналот на хотелот отишол во собата на парот на 32-ри кат, каде што на креветот го нашле распарченото тело на Алона.

Лицето на девојката било облеано во крв, а левата рака ѝ била исечена на зглобот.

Главата била делумно исечена со длабока расекотина од вратот до левото рамо, а болничарите констатирале и убодна рана во градниот кош.

До телото на манекенката се наоѓала крвава пила долга 60 сантиметри.

Инспекторите веруваат дека Алона била мртва околу еден ден пред да биде откриено телото, што укажува дека таа била убиена во текот на викендот, пред Филипов да се обидел да избега.

– Оштетената дошла во станот со своето момче на 29 април, но тој заминал без неа околу пладне на 15 мај. Дознавме дека најмил такси за да го однесе до провинцијата Са Каео, најверојатно се обидувал да ја премине границата во Камбоџа – изјави Понгпун Фонхарн, службеник на окружната полиција Ват Фраја Крај.

Граничарите биле известени откако персоналот на хотелот го пронашол телото на Алона, а Филипов бил фатен на граничниот премин.

– Беше многу мирен кога го уапсија, околу 04:00 часот. Го испи кафето во ќелијата и почна да вежба, како да е тоа нормална утринска рутина. Сè уште ништо не кажа – изјави Вонхарн.

Loading...

Истрагата е во тек, а тајландската полиција за случајот ја известила полската амбасада.