Холопортацијата стана реалност: НАСА вирутиелно испрати експерти во Меѓународната вселенска станица

Сподели со своите пријатели

Иако идејата за посета на вселенската станица, без милиони долари за плаќање на патувањето, звучи привлечно, НАСА првенствено планира да ја искористи за телемедицински „посети“ и доведување експерти кои би можеле да учествуваат во вселенски експерименти.

Loading...

Се чини дека користењето холограми во реалниот живот може да стане вообичаено и побрзо отколку што можевме да замислиме.

НАСА ја тестираше технологијата на холограми, која ја нарекуваат „холопортација“, која овозможува холограмот на една личност да се испрати насекаде во светот (или во нивниот случај во вселената) додека лицето е безбедно на Земјата.

 

Нисан и НАСА развиваат нова генерација батерија за електрични автомобили

 

НАСА го искористи овој футуристички механизам за да го „испрати“ Др. Јозеф Шмид до Меѓународната вселенска станица. Виртуелно, се разбира.

На ова трансдимензионално патување на Шмид му се придружи Фернандо Де Ла Пена Лака, шеф на AEXA Aerospace и неколку други членови на неговиот тим.

Loading...

Ова е сосема нов начин на истражување, бидејќи нашиот лик може да патува секаде, дури и ако нашето физичко тело не е таму, истакна Шмид.

А за да се постигне тоа, потребна е одредена технологија. Поточно, за потребите на ова „патување“, НАСА разви 3Д модели на холопортери, кои потоа беа дигитално компресирани, испратени и реконструирани во вселената. И сето тоа се случува во реално време.

 

НАСА подготвува програма за секс во вселената: Тоа е клучот за преживување, но гравитацијата ја „убива“ влажноста…

 

Во меѓувреме, користејќи HoloLense на Мајкрософт, астронаутите и нивните „гости“ можеа да се гледаат, слушаат и разговараат меѓу себе како да се на исто место, а не илјадници милји оддалечени.

 

Loading...

 

Астронаутот Томас Песке разговараше со Шмид и Де Ла Пен, а триото виртуелно се ракуваше.

Ќе ја користиме оваа технологија за нашите приватни медицински состаноци, приватни психијатриски состаноци, семејни состаноци и да носиме особено важни гости во вселенската станица за да ги посетат астронаутите, соопшти НАСА.

 

НАСА ја прикажа ракетата со која тргнува во ново освојување на Месечината (ВИДЕО)

 

Сега кога докажаа дека функционира, НАСА има амбициозни планови.

Така, тие планираат да ја прошират оваа технологија со додавање на опција за проширена реалност, која ќе им овозможи на холопортерите навистина сами да се движат низ вселенската станица и да ги набљудуваат работите како да се таму.

Loading...

Иако идејата за посета на вселенската станица, без милиони долари за плаќање на патувањето, звучи привлечно, НАСА првенствено планира да ја искористи за телемедицински „посети“ и доведување експерти кои би можеле да учествуваат во вселенски експерименти.

 

НАСА загрижена за сателитите на Илон Маск: Можат да предизвикат хаос во вселената

 

Но, апликацијата би можела да се најде и на Земјата, бидејќи ќе им овозможи на експерти од различни делови на светот да соработуваат на истиот проект во реално време, но и да донесат лекари да помогнат во воените зони каде што инаку нивните животи би биле во опасност.