НАСА загрижена за сателитите на Илон Маск: Можат да предизвикат хаос во вселената

Сподели со своите пријатели

Компанијата „Спејс Икс“ доби одобрение за 12.000 сателити кои служат за брзата интернет мрежа, а побараа и дозвола за втората генерација, односно вкупно 30.000 сателити.

Loading...

Во поднесокот до американската Федерална комисија за комуникации, НАСА наведува дека е загрижена поради можните „блиски средби“ на вселенските летала, но и за опасноста од влијание врз научните и мисии со екипаж во вселената.

Тие додадоа дека моментално во орбитата има 25.000 набљудувани објекти (најголем број е таканаречениот вселенски отпад), од кои околу 6.100 се на над 600 километри надморска височина.

Доколку компанијата на Маск ги лансира сите свои сателити, бројот на објекти во орбитата би се удвоил, а оние под 600 километри би биле пет пати поголеми.

Исто така, голем број сателити во орбитата би можеле да влијаат на научните вселенски истражувања.