Холанѓанец приведен со наркотици на ГП Табановце

Сподели со своите пријатели

Триесетгодишен државјанин на Холандија бил приведен вчеравечер на Граничниот премин Табановце со наркотици.

Loading...

– На 20.06.2023 во 21.30 часот на граничен премин „Табановце“, полициски службеници го лишиле од слобода Д.З.(30) од Холандија затоа што при извршен преглед на него и во патничко моторно возило со холандска национална ознака, кое го управувал, биле пронајдени и одземени марихуана и прашкаста материја, информираат од Министерството за внатрешни работи.

За настанот бил известен Јавен обвинител,  а лицето било предадено на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  57 возачи казнети за 1ви Мај во Куманово