Холандија од петок ги укинува поголемиот дел од ограничувањата

Сподели со своите пријатели

Од петок, 18 февруари, холандската влада ќе ги укине повеќето епидемиолошки мерки поради Ковид 19, бидејќи рекордните нивоа на инфекции предизвикани од варијантата омикрон не беа проследени со поголем број хоспитализации, изјави министерот за здравство Ернст Куиперс.

Loading...

„Државата повторно се отвора, за среќа, сега сме во друга фаза“, рече Куиперс на прес-конференција во вторникот.

Од петок, 18 февруари, баровите и рестораните ќе смеат да работат до 1 часот по полноќ, наместо до 22 часот.

Куиперс, кој рече дека е оптимист за ситуацијата, повика на претпазливост и потврди дека од 25 февруари ќе продолжи нормалното работно време.

Како што е најавено, мерките за социјално дистанцирање ќе бидат укинати на јавни места до крајот на месецот, но посетителите ќе треба да покажат докази за вакцинација, неодамнешно закрепнување од Ковид 19 или негативен тест за коронавирус, според Ројтерс.