ХИТ НА ИНТЕРНЕТ: Водителка по грешка објави смрт на Папата (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Кајли Пентелов, новинарка и водителка на вестите на британската мрежа ИТВ, по грешка ја објави смртта на 85-годишниот папа Франциск за време на написот за божиќната порака „Urbi et Orbi“.

Loading...

„Фокусот на свеченото обраќање на папата беа неговите молитви за крај на пандемијата. Тој рече дека вакцините треба да бидат достапни за оние на кои им е најпотребна. Неговата смрт е прогласена, ах, извинете“, рече Пентелов во саботата навечер.

По плоштадот Свети Петар на екранот се појави водителката Пентелов која продолжи да ги чита вестите како ништо да не се случило.

Нејзиниот гаф веднаш се прошири на социјалните мрежи.

„Сите грешиме, нека ѝ даде пијалак некој веднаш на оваа читателка на вести “, коментира новинарот на Би-Би-Си, Скот Брајан.

„Сетете се на оние кои работат во Божиќната смена денес“, напиша едно лице, додека еден поранешен водител ја откри веројатната причина за грешката.

„Кога работев за ITV, моравме да вежбаме во случај на смрт на кралицата Елизабета. Имавме подготвени текстови, но сите имиња беа заменети со „Госпоѓа Браун“ за да се избегнат вакви грешки“, објасни таа.

 

Loading...